Пет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

од Ивана Рамаданова

Пет лица се здобиле со полесни телесни повреди во четири од вкупно 14 сообраќајки што се случиле вчера на подрачјето на СВР Скопје. Во 10 сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала двајца возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената со сообраќаен знак, а од сообраќај исклучила еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол и тројца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и три нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и двајца возачи и 10 пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 65 возило

Слични содржини