Петровска на средба со командант на НАТО одбранбениот колеџ од Рим, генерал Нилсен

од Radmila Tasevska

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на днеешната средба со генерал потполковник Макс Нилсен, командант на НАТО одбранбениот колеџ (NDC) од Рим потенцираше дека Северна Македонија дава поддршка на образовните програми на НАТО, и посочи дека офицери на македонската Армија имаат можност да се  усовршуваат на овој колеџ.

Генерал потполковник Макс Нилсен заедно со слушатели од 59 земји на сениорскиот курс се во студиска посета на земјава. Како што информираат од Министерството, за време на средбата Петровска ја истакна одличната 28 годишна соработка меѓу Министерството и НАТО одбранбениот колеџ.

Петровска потенцира дека и е особено драго што денеска Северна Македонија може да се претстави пред слушателите како НАТО земја членка. Како што посочила, во сите овие изминати години, офицери на македонската Армија и високи службеници од Министерството за одбрана имаа можност да се усовршуваат на овој колеџ, а денес и со наш претставник да сме дел од самата образовна институција.

-Ние уште како партнери на НАТО започнавме со поддршка на образовните програми на НАТО, најнапред преку Партнерство за мир на одбранбените академии и институтите за безбедносни студии, преку Програмата за зајакнување на образованието во одбраната (DEEP) и сега со национален претставник во вашиот тим, рече Петровска.

Петровска потенцираше дека нашата држава има огромна почит кон NDC како центар за образование, проучување и истражување за трансатлантските безбедносни прашања. Исклучително е важно што ставува збор за платформа за издигнување во кариерата за многу цивили и офицери од високи позиции кои доаѓаат не само од земјите-членки на НАТО.

Генералот Нилсен изрази задоволство што го предводи тимот од НАТО одбранбениот колеџ во посета на Република Северна Македонија и потенцираше дека на сите одржани средби можеле да се уверат во високиот човечки капацитет во институциите.

При денешната студиска посета, слушателите од земји членки на НАТО, од Партнерството за мир, Истанбулската декларација и глобални партнери надвор од евроатлантската област имаа средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со Комисијата за одбрана и безбедност, со претставници од Министерствата за надворешни работи и за внатрешни работи, како и од Министерството за одбрана и Армијата

На средбите на слушателите им беа презентирани одбранбените реформи и одбранбената внатрешна и надворешна политика, трансформацијата, мисиите и операциите на Армијата во НАТО контекст.

Слушателите на сениорскиот курс е предвидено во иднина да работат во НАТО штабот во Брисел, командите на НАТО, како претставници во националните институции кои во иднина ќе соработуваат со НАТО Алијансата.

Слични содржини