Петровска со демант: Според епидемиолошката анкета нема потреба да одам во самоизолација

од Vladimir Zorba

„Најостро ги демантирам пишувањата во некои медиуми дека се наоѓам во самоизолација и дека со денешната прес конференција сум ја прекшила мерката“, реагира денеска дополнителната министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

„Повторно информирам дека согласно направената епидемиолошка анкета оценето е дека нема потреба да одам во самоизолација, со препорака и понатаму да носам лична заштитна опрема и да ги почитувам мерките за заштита.

Со ширењето лажни вести нема да ја скриете вистината за оние кои ги прекршуваат мерките“, додава таа.

Реакцијата доаѓа откако ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение, во кое вели дека таа ги загрозила животите на граѓаните со тоа што ја нарушила самоизолацијата.

„Наместо во изолација како лице во потенцијален ризик за ширење на коронавирус таа држеше прес конференција.

Петровска за потребите на Заев држеше прес конференција, иако со Решение на ИЈЗ, како што објавија медиумите истата е упатена во домашна самоизолација.

Дно на лицемерие е Славјанка да обвинува дека некој друг не се грижел за здравјето на граѓаните, а таа треба да седи дома затоа што е во самоизолација.

Дали Петровска директно ги загрози животите на нашите сограѓани, во време кога коронавирусот се шири со аритметичка прогресија?

Доколку Славјанка Петровска има решение за самоизолација, таа го прекршила чл.2 ст.2 од Уредбата на владата за примена на законот за заштита на населението од заразни болести и сторила кривично дело казниво со закон“, посочија од партијата на Мицкоски.

Слични содржини