Пецаков: Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка

од Берта Китинска

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков реагира на одлуката на Националната пливачка федерација годинава да не се одржи Охридскиот пливачки маратон.

„Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон“, напиша Пецаков на Фејсбук.

Според него, несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање.

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Горан Стојановски, претседателот на Националната пливачка федерација.

На средбата се разговараше за реализираните активности на Националната пливачка федерација, за организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план, како и за идните планови на федерацијата.

Претседателот на Националната пливачка федерација информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското работење на претходното раководство.

Слични содржини