Пишчек потпиша со Дортмунд

од Vladimir Zorba

Полскиот дефанзивец Лукас Пишек го продолжи договорот со Борусија Дортмунд до летото 2020 година, објавија осумкратните германски шампиони.

32-годишниот Пишчек е најискусниот играч во составот на Питер Штогер, а Борусија го определи неговиот престој како многу вреден, поради искуството што тој може да го пренесе на своите помлади соиграчи.

Пред неколку дена, Борусија објави дека лидерот на тимот Марко Ројс исто така ќе продолжи со „жолто-црните“ до 2023 година.

Пишчек се приклучи на Борусија Дортмунд во 2010 година од Херта во Берлин.

Со тимот од „Сигнал Идуна парк“ ја освои двојната титула во Германија, два пати Купот на земјата и играше финале во Лигата на шампионите во 2013 година.

Слични содржини