ПКК презеде одговорност за самоубиствениот напад во Анкара

од Radmila Tasevska

Курдистанската работничка партија (ПКК), објавена како терористичка група од Турција и нејзините западни сојузници, ја презеде одговорноста за денешниот самоубиствен бомбашки напад во турскиот главен град Анкара, во кој беа повредени две лица.

„Против турското Министерство за внатрешни работи беше извршена пожртвувана акција од екипа на нашата Бесмртна бригада“, наведе ПКК за новинската агенција АНФ, што е блиска до курдското движење.

Слични содржини