По скандалот: Принцот Хари за првпат во јавност

По целата драма околу Мегзит, принцот Хари по разговорот го кралицата и целото семејство, сепак почна да работи. Папаразите го уловиле како се вози до Бакингемската палата за да го води првенството во рагби, пишува The Sun.

Ова е негова прва работа за кралското семејство, но и прво појавување во јавноста откако беа почнати преговорите за неговото повлекување.

Додека се возел кон палатата, принцот гледал во својот телефон, но кога пристигнал не ја тргал насмевката од лицето.

Принцот Хари го одложи заминувањето во Канада кај сопругата и синот. Како што пишуваат британските медиуми, Хари би требало да остане во Велика Британија барем уште една недела.

Слични содржини