По теркот на Аеродром и во Гази Баба наставата во училиштата ќе започнува со македонската химна

од Nikola Popovski

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека неговата општина по теркот на Аеродром воведува наставата во училиштата во Гази Баба да започнува со интонирање на државната химна. Како што појасни тој, химната ќе се слуша секој понеделник.

-Нашата цел е да создадеме навика кај децата да од најмали нозе имаат почит и љубов кон својата татковина. Химната и знамето на нашата Македонија се нераскинлив дел од нашиот повеќевековен идентитет и тие ја заслужуваат нашата должна почит. На денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба ја донесе оваа Одлука која е задолжителна за сите општински основни училишта на нашата територија, објави Стефковски.

Речиси повеќе од месец дена, наставата во основните училиштa во Аеродром секој понеделник започнува со интонирање на македонската химна.

Слична ваква пракса во Аеродром имаше и во 2015 година, кога градоначалник на општината беше Ивица Коневски, исто така од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш деца од осумте деветолетки секој ден пред почетокот на наставата ја слушаа националната химна. Од локалната самоуправа тогаш објаснија дека ваквата одлука е донесена бидејќи предизвикала воодушевување кај мнозинството од родителите и децата.

Останатите скопски општини, но и останатите во земјава се немаат јавено со реакција.

Слични содржини