По жалбените одлуки од судот ќе се знае кога Груевски ќе оди во затвор

од desk2

Сите жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот на поранешниот премиер Никола Груевски се пристигнати во судот, потврдија од Кривичениот суд за МИА.


Од судот информираат дека од утре тече рокот од три дена во кои Кривчниот совет треба да донсе одлука по жалбите.
Груевски денеска требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“. Вчера собраниската Комисијата за мандатно и деловнички прашања, по барање на судот, препорача да му биде одземен мандатот на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Конечната одлука за неговиот имунетет треба да ја донесат пратениците на утрешната пленарна седница. За да му биде одземен имунитетот, неопходно е за тоа да се изјаснат две третини од вкупниот број на пратеници.

Груевски беше прогласен за виновен и осуден на двегодишна затворска казна на 23 мај за предметот „Тенк“ за набавка на мерцедесот вреден 600 илјади евра.

Слични содржини