Почина легендарната тенисерка Јана Новотна

од desk2

Легендарната тенисерка Јана Новотна почина на 49-годишна возраст после долго и тешко боледување.


Јана Новотна, шампионката во дабл неколку години се бореше со ракот, а во неделата ја загуби битката со оваа тешка болест.

„Јана беше инсипрација, како на теренот, така и надвор од него, тоа го знаат сите кои имаа прилика да ја запознаат. Нејзината ѕвезда засекогаш ќе блеска во ВТА историјата“, изјави Стив Сајмон, извршниот директор на ВТА.

Новотна во 1998 година го освои Вимболдон победувајќи ја Натали Този во финалето и тоа беше нејзиниот најголем успех во кариерата.

Во дабл освои 16 Грен слем титули (четири на Вимболдон, три на Ролан Гарос и УС Опена, два на Австралија Опен).

Со репрезентацијата на Чехословачка во 1998 година освои две олимписки сребра во дабл, како и една бронза во сингл.

Во куќата на славните влезе во 2005 година.

Слични содржини