Починаа уште 7 пациенти од корона, сите во болнички услови

од Vladimir Zorba

Министерството за здравство соопшти дека уште 7 лица починаа како последица на коронавирусот.

Однив, двајца пациенти се од Скопје (85 и 43г), и по еден од Охрид (83г), Штип (79г), Тетово (67г), Берово (80г) и Велес (74г).

Сите 7 пациенти се починати во болнички услови.

Вкупниот број на починати како последица од Ковид-19 се 2.855.

Досега во земјата се направени вкупно 456.341 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.693, бројката на оздравени пациенти е 81.681, на починати е 2.855, а бројот на активни случаи изнесува 8.157.

Слични содржини