Почна школската година: Прв училишен ден под ведро небо, првачињата седнаа во клупите

од Берта Китинска

Првачињата од основното училиште во земјава денеска за првпат седнаа во училишните клупи.

Учениците до трето одделение ќе посетуваат настава со физичко присуство, додека сите останати ќе следат онлајн настава, освен оние средни училишта кои ги исполнуваат условите за одржување на физичка настава.

Во 600 училишта во државата се одржува настава со физичко присуство, a за останатите е достапно учење на далечина, преку онлајн платформата и со емитување на часови на македонски и на албански јазик на националната телевизија, порачува Министерството за образование и наука (МОН).

-За успешно одржување на онлајн настава најважен е делот од платформата којашто е базирана на Мајкрософт тимс. Последните тестови што се одвиваа во текот на вчерашниот ден, без проблеми се најавија и се приклучија на Мајкрософт тимс сите ученици коишто ги имаат добиено лозинките во текот на минатата недела. Исто така, во моментот ФИНКИ работи на оптимизација на останатиот дел од платформата, посочуваат од МОН.

Слични содржини