Полицаец со службено возило на МВР удрил пешак

од Берта Китинска

На 12.09.2021 во 07.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Панко Брашнаров“ во Велес, патничко возило „Шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник В.А.(25) од Велес, удрило во пешакот Д.Т.(75) од Велес. Во незгодата Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, соопштија од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Слични содржини