Полицијата на терен: Пронајдени предмети за извршување кривични дела во јавниот превоз на ученици

од Берта Китинска

Акциските контроли на МВР се спроведуваат во континуитет од 2016 година наваму. Правиме и сериозни и континуирани вонредни контроли, пред сѐ на возила кои вршат јавен превоз, соошти Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.

Тој информира дека деновиве контролите се насочени кон возила кои вршат јавен превоз на ученици на територија на целата државата.

-Контролирани се преку 700 возила, притоа имаме: 44 кривични дела за учество во сообраќај без соодветна документација, 121 прекршок, 34 возила исклучени од сообраќај заради техничка неисправност или недоследност и легитимирани над 830 ученици, вели министерот.

Тој истакна дека главна цел на контролите е да се намали насилство меѓу учениците бидејќи се пронајдени предмети со кои може да се изврши крвично дело.

– Целта е преку овие контроли и прегледи да влијаеме врз намалувањето на насилството меѓу учениците, бидејќи беа пронајдени предмети со кои може да се извршат кривични дела (ладно оружје итн). Многу е важно јавната безбедност да биде секаде, безбедност во сообраќајот, во јавниот превоз, во училиштата. Полицијата е и ќе биде постојано на терен помеѓу граѓаните – преку веќе воспоставениот партнерски однос заеднички да придонесеме за побезбедна држава, додаде Спасовски.

Слични содржини