Полициска акција во угостителски објекти: Пронајдена дрога

од Stefanija Kuzmanovska

Од ноќеска на полноќ до рано утрово во 04.00 часот беше спроведена акциска контрола во угостителски објекти на територија на Република Северна Македонија, при што биле контролирани 308 угостителски објекти, информира МВР.

При контролата, приведени се две лица во Куманово затоа што кај нив била пронајдена дрога. Во 00.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(22) од Куманово затоа што кај него бил пронајден и одземен амфетамин. Додека, во 02.05 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Т.(30) од Гевгелија затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Исто така, во еден угостителски објект во Куманово бил затекнат малолетник кој бил послужен со алкохол.

При контрола во угостителски објект во Тетово во 00.15 часот од слобода бил лишен Х.С.(28) од с.Мала Речица, тетовско, затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случаите против лицата и правните субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Исто така, при контролата биле констатирани и повеќе прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кои соодветно биле санкционирани.

Слични содржини