Поранешен советник во Пентагон: Администрацијата на Бајден ја загрозува националната безбедност

Огромната инфлација што произлегува од овој владин удел во економијата им отежнува на семејствата да купуваат храна, вели Мекгрегор,

од Бети Божиноска

Поранешниот советник на американскиот секретар за одбрана, пензионираниот полковник Даглас Мекгрегор презентираше еден малку поинаков поглед на состојбата на нацијата во споредба со говорот на американскиот претседател Џо Бајден.

Во видео објавено на социјалната мрежа „X“, Мекгрегор потсетува дека американската влада е уставно обврзана да ја промовира општата благосостојба и основните животни потреби како енергија, храна и засолниште.

„За жал, сегашната администрација не успева да ги исполни овие задачи“, тврди Мекгрегор.

Коментирајќи ги тврдењата на Бајден дека американската економија „цвета“, Мекгрегор потсети дека „голем дел од тоа доаѓа од владините трошења и вработувања“, додавајќи дека владиниот удел во БДП е 42 отсто – вклучувајќи ги федералните, државните и локалните трошења.

„Овој срамотен удел е сличен на оној на Советскиот Сојуз во доцните 1980-ти, пред распадот. Огромната инфлација што произлегува од овој владин удел во економијата им отежнува на семејствата да купуваат храна“, вели Мекгрегор, додавајќи дека инфлацијата ги „десеткувала“ домаќинствата во последниве неколку години и дека многу американски семејства се борат да ја преживеат „неуспешната економска политика на Бајден“.

„Нашата национална безбедност е загрозена“, предупреди тој, потсетувајќи на нарушените синџири на снабдување, на електраните и производствени погони на кои им недостигаат клучни резервни делови, осудувајќи ги „лошо замислените домашни политики“ кои предизвикаа губење на работни места и домови.

Според Мекгрегор, децениите изградба на „империјата“ ги исцрпиле американските ресурси, критикувајќи ја „напумпаната“ влада која има меѓу 12 и 25 милиони вработени и долг кој вртоглаво се зголемил на 34 милијарди долари, односно по една милијарда на секои три месеци.

„Невозможно е да го исушите мочуриштето со ‘нездрави’ пари и со колосален долг што не можеме да го издржиме. Трагично е што политичарите во Вашингтон ги контролира т.н. „донаторска класа“. Оваа форма на корупција го овозможува канцерогениот централен банкарски систем…оваа владејачка класа оркестрира бескрајни војни, богатејќи се себеси и своите пријатели додека ги испраќа нашите војници во странски земји што се од маргинален стратешкиинтерес за САД,“ вели Мекгрегор.

Тој предупреди и на „инвазијата“ на јужната граница на САД со Мексико, посочувајќи дека овој неконтролирљан прилив „ги оптоварува нашите ресурси, ја преплавува нашата заедница и го уништува нашиот просперитет.“

„Непромислените повици да ѝ се скрати финансирањето на полицијата го осакатија спроведувањето на законот. Полицијата нема доволно средства, немаат доволно персонал и не е во состојба да ги заштити нашите граѓани, што ги прави нашите градови небезбедни за сите, особено за жените, децата и за постарите.

Слични содржини