Поранешните директори на Онкологија останаа без пасошите и не смеат да ги напуштат живеалиштата

од Nikola Popovski

Кривичниот суд денеска ги прифати мерките за претпазливост за поранешните двајца директори на Клиниката за онкологија доктор Нино Васев и Нехат Нухи кои ги предложи Обвинителството.

-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог за определување мерки за претпазливост на Основното јавно обвинителство – Скопје против две лица, кои утрово беа спроведени во судот, а поврзани со случајот „Онкологија“, по ценење на фактите изнесени од странките во однос на предлогот донесе решенија со кои:

Се прифаќа предлогот и на Н.В. му се опредлуваат мерки за претпазливост по чл. 146 ст.1, т. 1,2,3 и 7 од ЗКП односно Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување на службено лице во судот, Одземање на патна исправа и забрана за издавње нова и Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело.

На Н.Н. му се определуваат мерки за претпазливост по чл. 146 ст.1, т. 1,2 и 3 од ЗКП односно Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување на службено лице во судот, Одземање на патна исправа и забрана за издавње нова, велат од судот.

Осомничените имаат право на пред кривичниот совет на овој суд во рок од три дена по приемот на решението.

Истрагата во овој момент се однесува на два клучни аспекти. Едниот е дека биле набавувани лекови на реверс, без објавување тендери односно во нетранспарентни постапки. На ваков начин се создавале вишок лекови и терапии. Вториот аспект, е што се препишувале повеќе од потребни лекови на име на пациенти. Истрагата понатаму треба да утврди каде завршил вишокот.

Слични содржини