„Pornhub“ го развива музичкиот бизнис, Канје Вест дава тон (ВИДЕО)

од Vlatko K

Што имаат заедничко порното и музичката индустрија? Излегува – прилично многу во лицето на Канје Вест, кој во септември се манифестираше како креативен директор на наградите на платформата за ширење на XXX видеа – „Pornhub“.

За церемонијата на доделување на порнонаградите, која се одржа на 6 септември во Лос Анџелес, Канје ги облекол ѕвездите на сцената во Yeezy – неговата колаборација за спортска облека со Adidas. Откако се истакна како креативен директор на шоуто, тој беше и главната славна личност и на крајот го користи теренот, за да ја претстави новата песна „I Love It“, во која настапува заедно со 18-годишната хип-хоп ѕвезда, Лил Памп.

Чудните костуми кои ги носат Кание и Памп во видеото веднаш станаа „мемиња“ и жнеат огромна интернет-слава (повеќе од 250 милиони гледања на YouTube само за месец).

Иако многу медиуми коментираа дека наградите на „Pornhub“ поминале како „лошо организирано фијаско“, на крајот излегува дека при оваа музичка суша, видеото на Канје и Лил Памп е најинтересната музичка вест по долго време.

Точно е дека стилот на Канје убаво се вклопува во контекст на порнографијата, вели веб-страницата Highsnobiety. Вест е доволно храбар во експериментите, и сосема контроверзен во неговите манифестации, па тој лесно претвора во скандал се, во кое е вмешан. Ова исто така зборува во корист на неговата соработка со „Pornhub“. Проблемот е, сепак, дека порното сè уште има негативна слика во уметничките средини. Слабиот интерес за наградите, и покрај присуството на Канје, го истакна ова.

Но соработката со Вест и сите контакти со музичката заедница не се нови за платформата.

Слични содржини