Портпаролот на Град Скопје Салиху: Скопјани немаат кратка моморија не ги потценувајте

од desk4

Не е никаква тајна дека главниот град е „пехарот“ на секои локални избори. Скопје најчесто го одредува победникот, па затоа политичката битка тука секогаш била драматична. Што е ново и изненадување во натпреварот за Скопје?

Неискрениот пристап во комуникацијата за време на оваа изборна кампања кај скопјани нема да помине! Не ги потценувајте скопјани со ваков пристап и со претпоставка дека имаат слаба меморија, напиша Салиху на својот ФБ профил.

Тој потсетува дека скопјани паметат кој го продлабочи проблемот со аерозагадувањето (дотаму што бевме прогласени за најзагаден град во Европа), ▫️а кој успешно го решава (дотаму што аерозагадувањето не е веќе меѓу првите пет проблеми кои ги спомнуваат скопјани во анкетите).
Во сојот фб пост тој пишува и дека сскопјани паметат кој ги зголеми оџаците, ауспусите и чадовите (со поскапување на струја и парно, со увоз на половни возила и двокатни дизелаши, со неказнување на палачи и загадувачи), ▫️а кој ги намалува (со субвенции за инвертери, со еко-автобуси и Брз јавен превоз како зелен проект, со одблокирани тротоари и мрежа од велопатеки, со казнување на палачите и загадувачите, итн.).

– Скопјани паметат кој го урбанизираше и уништуваше Водно, а кој ја спречи планираната јужната обиколница (која го преполовува Водно) и налудничавиот обид да му се даде Водно на приватен концесионер кој ќе гради ски-патеки. Скопјани паметат и кој го уништуваше зеленилото во Скопје, а кој го унапреди со претворање на депонии во паркови, со изградба на зелени скверови и зелени кровови, со садење на десетици нови дрвореди. Скопјани паметат и кој го делеше и уназадуваше Скопје, а кој го спојува и рамномерно развива. Се додека скопјани добро паметат, обидите за манипулации на скопјани нема да поминат и „утакмицата“ за Скопје нема да биде „шитната“ и загубена, , напиша Салиху на својот фб.

Слични содржини