Поставуваат нови стандарди – задолжителна задна камера

од desk2

 

Од 1 мај 2018 година сите нови автомобили кои се произведуваат во САД мора како основен дек од опремата да имаат камера која помага при возење наназад.

Обврската за вградена задна камера како стандарден дел од опремата за возилата на американскиот пазат е дел од законската регулатива која тамошното министерствто за сообраќај ја донесе уште во 2014 година, кога е даден рок од четири години за почеток на примена на законот.

Идејата е сите нови авотмобили да имаат камера која го надгледува просторот зад автомобилот и му помагат на возачот при движење наназад, без разлика дали станува збор за паркирање или маневрирање во рикверц, потекнува од времето на администрацијата на претседателот Џорџ Буш помладиот.

Иницијаторите на оваа замисла велат дека им требале 10 години да ја дочекаат нејзината прмена во пракса, вели Петер Курдок од организацијата “Advocates for Highway & Auto Safety” која ја покрена целата иницијатива.

Оваа, но и други американски организации кои се занимаваат со безбедност во сообраќајот се залагаат и некои други системи кои му помагаат на возачот да станат дел од стандардната опрема во автомобилите.

Лобираат и сите возила да имаат автоматски сстем за кочење во случај на опасност(AEB), со функција за предупредување за можен судар, потоа за предупредување на другите авотмобили во мртов агол и технологија која ги предупредува возачите на нескано напуштање на возната лента по која автомобилот се движи.

Како резултат на новата иницијатива, 20 производители ветија дека до 2022 година во САД ќе го воведат системот AEB како стандард.

Слични содржини