Повеќе од 80 отсто од Русите имаат доверба во Путин

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од 80 отсто од руските граѓани имаат доверба во претседателот Владимир Путин, соопшти Серускиот центар за истражување на јавното мислење.

Истражувањето е спроведено од 3 до 9 октомври меѓу 1.600 испитаници на возраст над 18 години.

„На прашањето за довербата во Путин, 80,9 отсто од испитаниците одговориле позитивно, а 75,6 отсто од нив ја одобруваат неговата работа“, се наведува во резултатите од истражувањето.

Слични содржини