Повеќето Германци поддржуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА

од Vladimir Zorba

Речиси две третини од луѓето во Германија би поддржале воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот, што е предлог што наскоро би можел да биде претставен пред пратениците во германскиот парламент, покажуваат резултатите од новата анкета објавена денеска.

Според овие резултати, 63 отсто од испитаниците ја поддржале задолжителната имунизација за германските жители против вирусот што предизвикува Ковид-19.

Триесет отсто се против, а седум отсто од испитаниците не дале одговор.

Истражувањето го спроведе „Југов“ за агенцијата ДПА од среда до петок, а учествувале 2.067 лица.

Пред околу една година, по воведувањето на првите вакцини во Германија на крајот на 2020 година, околу 56 отсто од граѓаните ја поддржаа задолжителната вакцинација, а 33 отсто беа против.

Идниот канцелар Олаф Шолц изјави дека има намера да поднесе предлог-закон за задолжителна имунизација до Бунедстагот во февруари или март.

Слични содржини