Повоената реконструкција на живеалишта во Газа ќе чини најмалку 15 милијарди долари

од Vladimir Zorba

Најмалку 15 милијарди американски долари ќе бидат потребни за обнова на живеалишта во Појасот Газа, изјави во средата претседателот на Палестинскиот инвестициски фонд Мухамед Мустафа на Светскиот економски форум во Давос.

Палестинското раководство ќе продолжи да се фокусира на хуманитарна помош, вклучувајќи храна и вода на краток рок, но фокусот на крајот ќе се префрли на реконструкција, рече тој.

Повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа мораа да ги напуштат своите домови поради војната, некои неколку пати.

Војната предизвика хуманитарна криза и недостиг на храна, гориво и лекови.

„Ако војната во Газа продолжи, веројатно повеќе луѓе ќе умрат од глад отколку од војна“, рече тој.

Првите чекори треба да бидат испорака на храна, лекови, вода и струја, смета тој.

Израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври опустошија поголем дел од територијата, убивајќи повеќе од 24.000 луѓе, а речиси 61.000 беа повредени, според палестинските здравствени власти.

Слични содржини