Пожарите во Италија однесоа уште двa живота: „Огнот ја опколи куќата за неколку минути“

од Stefanija Kuzmanovska

Двајца пензионери ги загубија животите во средата во пожарите што продолжуваат да ја опустошуваат Италија, јавуваат медиумите.

Еден маж загина во својот дом во селото Гротериа во јужниот италијански регион Калабрија, објави во средата новинската агенција АНСА.

За само неколку минути, пожар ја опколи куќата и го зароби внатре, пренесува АНСА.

„Уште една жртва од пожар“, напиша локалниот градоначалник на Калабрија, Џузепе Фалкомата на својот профил на Фејсбук.

Уште еден маж загина кога пожар со голема брзина го опустоши неговиот имот во Кардето, објави АНСА.

Калабрија во моментов е најтешко погодениот италијански регион, а нејзината влада одлучи во средата вечерта да побара од Рим да прогласи вонредна состојба.

Слични содржини