Познат моден фотограф обвинет за сексуален напад на 6 жени

од Vladimir Zorba

Францускиот моден фотограф Патрик Демаршелие е обвинет за сексуална злоупотреба од неколку жени, пренесе Бостон Глоуб.

Весникот објави изјава на поранешна асистентка на 74-годишниот фотограф, која сакала да остане анонимна. Жената уверува дека била принудена да отстапи пред неговите постојани сексуални барања, бидејќи се плашела дека ако ја отпушти, ќе ја загрози нејзината професионална иднина. Таа побарала од креативниот директор на изданието „Конде Наст“, Ана Винтур да не му дозволи на Демаршие да работи со млади модели.

Шест други жени, исто така, го обвинуваат за сексуален напад, забележува Бостон Глоуб. Една од нив тврди дека ја ставил својата рака на нејзините гениталии, а друга дека ја зграбчил за нејзините гради.

Демаршелие е еден од најпознатите фотографи во модата и шоу бизнисот. Неговите фотографии на принцезата Дијана, Мадона и Анџелина Џоли го обиколиле светот.

Тимот за истрага во Бостон Глоуб вклучува 6 новинари. Тие ја презеле„штафетата“ од колегите кои во 2002 година ги изложија случаите на сексуално насилство со децении извршени од околу 90 свештеници во Бостон и неговата околина. Откровенијата служеа како основа за филмот „Спотлајт“, на кој му беше доделено Оскар за најдобар филм во 2016 година.

Сегашните откритија во светот на модата се поврзани и со други фотографи, меѓу кои Сет Сабал, Грег Кадел и Андре Пасос, како и со модниот дизајнер Карл Темплар. манекенка која посакала анонимност изјави дека кога била малолетна, Кадел ја одвел во хотел и ја натерал да има секс со него.

Друг француски фотограф – Давид Белмер, е обвинет за сексуално вознемирување од две жени. Едната од нив, манекенката Мадисин Ритланд, рече дека тој го внел својот јазик во нејзината уста. Од „Викторијас Сикрет“ престанале да работат со Белмер есента 2016 година, откако манекенки се пожалиле од неумесен физички контакт од негова страна.

Слични содржини