Познатата американска пејачка се вакцинираше преку ред

од Берта Китинска

Кортни Лав (56) ја прими вакцината КОВИД-19 во Велика Британија, и покрај фактот дека вакцината во моментов е достапна само за оние кои се изложени на ризик и постари од 65 години, пишува Дејли Меил.

Вдовицата на Курт Кобејн го напушти Лос Анџелес и се пресели во Лондон есента 2019 година за да се фокусира на пишување на својата книга и снимање на нов албум.

Постарите луѓе, исклучително ранливите и здравствените работници во моментов се меѓу оние кои имаат право на вакцинација во Велика Британија.

– Таа има здравствени проблеми поради кои ги исполнува условите. Таа е исклучително благодарна на Националната здравствена служба и сите работници, изјави портпаролот на пејачката.

Таа вчера  објави на Инстаграм слика од клиника во Челзи додека се вакцинираат.

Слични содржини