Познати шеширите за ждрепката од осминафиналето во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Вечерва ќе се комплетира последното, 6. коло од групната фаза во Лигата на шампионите (Аталанта – Виљареал – 19 часот), но веќе се познати шеширите за ждрепката за осминафиналето.

Клубовите ќе бидат поделени во два шешири. Во едниот ќе има победници од групи, односно привилегирани, додека во другата второпласирани, односно непривилегирани. Тимови од иста земја не можат да се сретнат пред четвртфиналето, па не можеме да гледаме дуел Реал – Атлетико или можеби Виљареал во осминафиналето, во зависност од исходот на вечерашниот натпревар, како и од пресметката на еден од двата „манчестера“ против Челси, Јувентус – Интер или Лил – ПСЖ.

Привилегирани (победници на групи): Манчестер Сити, Ливерпул, Ајакс, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Лил, Јувентус.

Непривилегирани (второпласирани екипи): ПСЖ, Атлетико Мадрид, Спортинг, Интер, Бенфика, Аталанта / Виљареал, РБ Салцбург, Челси.

Извлекувањето ќе се изврши на 13 декември во 12 часот. Првите осминафинални натпревари ќе се играат на 15, 16, 22 и 23 февруари, додека реваншите се закажани за 8, 9, 15 и 16 март следната година.

Слични содржини