Пратениците повикани во 15 часот да бидат во Собранието, ќе се гласа Законот за Јавно обвинителство

од Aleksandar Todeski

Собранискиот спикер и координаторите договориле седницата за Законот за Јавно обвинителство да се одржи денеска, дознава „Локално“ од собраниски извори. Нашиот извор вели дека пратениците биле повикани во 15 часот да бидат во своите канцеларии, но неизвесно е во колку часот ќе почне седницата.

Законот за Јавно обвинителство претходно помина на Комисијата за европски прашања и Законодавно-правна комисија, а следува гласање на пленарната седница.

Неизвесно е и дали опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чии пратеници утрово во пакети до собраниските служби доставиле околу 5.000 амандмани ќе учествуваат на седницата.

По оваа седница, ќе следува и седницата за распуштање на Собранието, која пак треба да се одржи до недела во полноќ.

Александар Тодески

Слични содржини