Прекршено ветувањето од Велика Британија. Нема да се отсранат сите европски закони до крајот на 2023 година

од desk4

Велика Британија нема да го исполни ветувањето. Дел од европските закони ќе важат во државата и во 2024 година.

Владата на Велика Британија денеска се откажа од планот за отстранување на 4.000 преостанати европски закони од нејзиниот правен систем како поранешна членка на Европската унија до крајот на оваа година, цел што си ја поставија британските конзервативци по Брегзит.

Критичарите сметаа дека таа цел е недостижна.

Владата најави дека наместо нивно отстранување, ќе се состави список од 600 закони што ќе бидат повлечени.

Секретарот за деловни прашања на Владата, Кеми Баденох, во изјавата призна дека отстранувањето на сите европски закони до крајот на оваа година ќе создаде „ризик од правна несигурност“.

Пратеничката на опозициската Лабуристичка партија, Џени Чепмен, рече дека тоа е „понижувачки, целосен пресврт на слабата и поделена влада“.

Илјадници европски закони се во британските закони откако земјата ја напушти Европската унија во 2020 година, каде што помина децении.

Слични содржини