Препорака од ЕМА: Да се прими бустер доза само три месеци после втората доза

од Nikola Popovski

Регулаторот за лекови на Европската унија објави дека има логика и потреба да се прими третата доза од вакцината против Ковид-19 само три месеци по втората доза поради „екстремно загрижувачките“ показатели за инфекција во Европа.

„Иако сегашната препорака е да се даде бустер доза по шест месеци, достапните податоци ја поддржуваат безбедната и ефикасна употреба на бустерите веќе три месеци по вакцинацијата“, рече Марко Кавалери, шеф за стратегии за вакцинација во Европската агенција за лекови (ЕМА).

Иако се појави новиот сој омикрон, ширењето на доминантниот сој делта треба да биде главниот фокус на борбата против сегашниот бран.

„Имунолошката ситуација во Европа останува крајно загрижувачка“, рече Кавалери.

„Делта сојот останува главен фокус на активностите за јавно здравје во справувањето со пандемијата и нејзините последици“.

Главниот извршен директор на ЕМА рече дека производителите на вакцини треба да ги достават резултатите од лабораториските тестови за да ги утврдат нивоата на неутрализирачки антитела произведени од нивните омикронски вакцини, што е дел од процесот на утврдување дали ќе бидат потребни надградби на вакцините.

Фајзер и Бионтек станаа првите производители на вакцини кои објавија такви податоци, велејќи дека три дози од нивната вакцина може да го неутрализираат сојот омикрон.

Кавалиери сметаи дека засега нема причина за загриженост по кампањата за вакцинација на деца на возраст од пет до 11 години во САД, каде што повеќе од пет милиони од таа возрасна група примиле најмалку една доза од вакцината.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека за повеќето луѓе, вакцините обезбедуваат силно ниво на заштита од сериозни инфекции најмалку шест месеци.

Агенцијата на ОН посочи дека распределбата на основните дози на луѓето во посиромашните земји треба да биде приоритет и дека во моментов препорачува трета доза на луѓето со постоечки здравствени проблеми или оние кои примиле инактивирани вакцини.

Слични содржини