Претрес во Волково, приведен дилер

од Nikola Popovski

На 12.02.2024 во 15.10 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(31) од Волково. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини