Прилеп се подготвува за прославата по повод добивањето покана за членство во НАТО

од Vlatko K

Во центарот на Прилеп вечерва од 20 часот се организира прослава по повод добивањето на поканата за пристапни преговори за членство на Македонија во НАТО

– Овој историски исчекор за граѓаните на Македонија значи почеток на реализацијата на нашите цели. Доаѓа време на економски развој и на нови инвестиции, со што ќе постигнеме повисок стандард и подобар живот. Оваа позитивна енергија значи охрабрување за квалитетен живот во земјава. Прилеп и Македонија се движат напред. Бројни проекти се во подготовка. Со отворените врати на НАТО и ЕУ, со отворените европски фондови, Прилеп и Македонија ќе станат рамноправен партнер на Европа. Ова го постигнавме сите заедно и заедно да го прославиме историскиот успех за Македонија, изјави прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Прилеп е еден од 15-те градови во Македонија каде вечерва се организира голема граѓанска прослава со ѕвездите од домашната естрада.

 

Слични содржини