Приштина: Меѓународната заедница да не молчи на расистичките и дискриминирачки изјави на Вулин

од Vladimir Zorba

Косовскиот министер за надворешни работи, Меjлиза Харадинај Стубла, ги оцени како неприфатливи изјавите на српскиот министер за одбрана Александар Вулин и побара од меѓународната заедница да не молчи, пренесува „Коха“.

„Имаме официјално соопштение од Министерството за одбрана на Србија, каде што Албанците се нарекуваат со расистички, дискриминирачки, навредлив јазик, по повод меѓудржавниот фонд формиран од двете влади. Затоа, ова ќе мора да биде иницирано на меѓународно ниво, а меѓународната заедница ќе мора да реагира“, рече Харадинај Стубла во интервју за „Вижн плус“.

Таа се осврна и на новата ситуација во Косово, по првите апсења на Специјалниот суд.

„Со оваа асиметрија, овој суд се обидува да создаде еднаквост меѓу агресорот и жртвата, и ние никогаш нема да го прифатиме тоа, и секако ова ни пречи како народ кој мина низ многу страдања и геноцидни злосторства на Србија, знаејќи дека Србија сè уште не се извинила за тие злосторства“, рече Харадинај Стубла, пренесе „Косово онлајн“.

Слични содржини