Пристигнаа фламингата, наскоро доаѓаат и пингвините во ЗОО Скопје

од Берта Китинска

Зоолошка градина во Скопје доби 15 млади птици од родот фламинго.

Од ЗОО информираат дека во моментов птиците се чуваат во специјални услови, а јавноста ќе може да ги види кога ќе биде комплетно подготвено нивното живеалиште.

Директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски на фејсбук ја сподели радосната фест најавувајќи уште една, а тоа е дека наскоро од Лондон во Скопје ќе пристигнат и пингвините.

– Се надеваме дека наскоро ќе заврши пандемијата и граѓаните ќе можат да уживаат во глетките на овие убави тропски птици. Со огромна помош на Град Скопје, за кратко време го добиваме живеалиштето за пингвини, кое ќе биде едно од најубавите во Европа. Пингвините ќе пристигнат од Лондон – објави Галетановски.

Слични содржини