Приватен хеликоптер се урна во Грција

од Stefanija Kuzmanovska

Приватен хеликоптер се урнал денеска на островот Самос, а сите пет лица во него поминале до полесни повреди.

Несреќата се случила кога хеликоптерот, кој слетал на Самос за да наполни гориво на пат кон Турција, изгубил рамнотежа и се срушил на земја на мала височина, пренесува „Катимерини“.

Според ЕРТ, не дошло до пожар, а сите пет патници се здобиле само со полесни повреди.

Слични содржини