Приведен арачиновец за издржување затворска казна

од Nikola Popovski

Денеска (11.10.2023) во 09.50 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(45) од с.Арачиново.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на затворска казна.

Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Слични содржини