Приведен скопјанец кај кого при претрес се пронајдени марихуана, амфетамин и пари

од Vladimir Zorba

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје при претрес во дом кај лицето М.Н. (24) во Скопје, пронашле полиетиленска кеса со околу 400 грама марихуана и полиетиленски кеси со околу 400 грама амфетамин, како и поголема количина пари.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека лицето е лишено од слобода и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Слични содржини