Приведен скопјанец, полицијата при претрес му пронашла бела прашкаста материја

од Aleksandar Todeski

Полицијата ноќеска во 02.30 часот привела дваесет и четиригодишен скопјанец, информираат од МВР.

„Полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на општина Карпош го лишиле од слобода В.Д.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини