Продажбата на пиво во Европа со голем пад

од Stefanija Kuzmanovska

ЕВРОПСКАТА продажба на пиво нагло падна во 2020 година откако беа затворени баровите и рестораните за да се спречи ширењето на коронавирусот, соопшти Европската асоцијација на производители на пиво.

Минатата година во Европа се продадени 34 милиони хектолитри пиво, девет проценти помалку отколку во 2019 година, соопштија пиварите на Европа.

Мерките за борба против пандемијата Ковид-19 особено го погодија европското гостопримство, забележувајќи пад на потрошувачката на пиво за 42 проценти, на околу 75 милиони хектолитри.

Продажбата на пиво во малопродажбата се зголеми малку, но недоволно за да се надоместат загубите, велат од таа организација.

Пандемијата укина и 800.000 работни места во синџирот на снабдување на индустријата за производство на пиво, третина во целиот сектор за производство на пиво, што сега брои 1,8 милиони. Повеќето од нив беа укинати во угостителските објекти, но исто така беше забележана значителна загуба во дистрибуцијата.

Во Германија, продажбата на пиво потона за 5,5 проценти во 2020 година, на 8,7 милијарди литри, што е најниско ниво откако „Дестатис“ започна да објавува податоци, покажа извештајот објавен во февруари.

Слични содржини