Речиси две третини од критично болните пациенти со коронавирус имаат прекумерна тежина

од Stefanija Kuzmanovska

Речиси две третини од пациентите кои сериозно се разболуваат од коронавирусот имаат прекумерна тежина и скоро 40 проценти се под 60-годишна возраст, открива студија на NHS, пренесува „Дејли мејл“.

Шеесет и три проценти од пациентите на интензивна нега во болниците во Велика Британија поради вирусот убиец се со прекумерна тежина.

Додека просечната возраст на луѓето кои страдаат од најсериозните симптоми на коронавирус е под 60-годишна возраст.

Националниот центар за ревизија и истражувања за интензивна нега ги анализираше сите приеми во единиците за критична нега во Велика Британија до полноќ минатиот четврток.

Во тоа време, во одделот за интензивна нега имало 194 пациенти со коронавирус. Тој број се смета дека е зголемен во последните четири дена.

Документот го прикажува првиот детален преглед на пациенти на кои им е потребна деноноќна нега.

Во него се открива дека дека луѓето кои имаат прекумерна тежина се изложени на ризик од сериозни компликации од КОВИД-19, што ќе претставува причина за грижа кај челниците на здравството, откако две третини од возрасните во земјата влегуваат во оваа категорија.

И фактот што повеќе од една третина од критично болни пациенти се под 60-годишна возраст покажува дека не се само постарите лица изложени на ризик.

Студиите покажаа дека кај луѓето со прекумерна тежина е поголема да имаат сериозни компликации или да починат од инфекции, како што е грипот.

Лекарите велат дека имунитетните системи на дебелите луѓе постојано се зголемуваат бидејќи се обидуваат да ги заштитат и санираат штетите што ги предизвикуваат воспаленијата на клетките.

Користењето на целата енергија за заштита од воспаление значи дека одбранбениот систем на телото има малку преостанати ресурси за одбрана од нова инфекција како што е КОВИД-19.

Вишокот тежина им отежнува на дијафрагмата и белите дробови да се прошират и вдишат кислород. Поради недостаток на кислород, органите ќе започнат да откажуваат.

Овие фактори можат да објаснат зошто состојбата на белите дробови на луѓето со прекумерна тежина има тенденција нагло да се влоши при инфекција со новиот коронавирус.

Слични содржини