Реџепи ќе разјасни што се случило со неговото непојавување во Собранието

од Берта Китинска

Денеска во Собранието се очекува да се одржи прес-конференција  на пратеникот Кастриот Реџепи.

Тој предходно најави  дека денеска ќе разјасни што се случило во врска со неговото откажување од Иницијативата за рушење на владата

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, во петокот преку социјалните мрежи  информираше дека Реџепи го исклучил од партијата

– Имајќи ги предвид неодамнешните постапки на пратеникот на Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи кој не се појави во Собранието за да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со кој постапи спротивно на одлуката на партијата во кој случај сериозно го нарушил и престижот на партијата, Движењето БЕСА, односно јас како претседател на партијата, согласно статутарните одредби, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето БЕСА, го исклучувам споменатото лице од сите партиски функции и од членството на Движењето БЕСА.

Слични содржини