Реформите во правосудството клучни за членувањето во ЕУ

од Vladimir Zorba

На Република Македонија и треба силна, независна и професионална судска власт која нема да потклекнува под каков било притисок од Владата, Собранието, политичките партии, или кој било друг центар на политичка моќ, порача премиерот Заев на конференцијата „Зајакнување на квалитетот на правдата во светло на правосудната реформа“, која по повод Денот на правосудството ја организира Здружението на судиите, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Заев, истакнал дека 2018 ќе биде година на најважните правосудни реформи откако Македонија е држава кандидатка за членство во ЕУ.

– Стратегијата беше направена врз основа на темелни консултации со сите релевантни чинители и со целосна поддршка од ЕУ. Здружението на судии беше активно вклучено и даде вреден придонес, рече Заев, истакнувајќи дека со цел кредибилни правосудни реформи се води и активен дијалог со опозицијата во Собранието за постигнување на политички договор за законите од областа на правосудството.

Тој, како што се наведува, ги повикал сите чинители, пред сè, правосудните институции, да ги надминат дневните разлики и да изградат широк општествен консензус околу насоките и правецот за реформа на правосудството, бидејќи овие прашања засегаат во секојдневието на секој граѓанин.

Слични содржини