Регистрирани 7 нови ковид-случаи, сите се од Скопје

од Nikola Popovski

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.418 тестирања, а регистрирани се 7 нови случаи на коронавирус и тоа сите се од Скопје.

Исто така регистрирани се и 71 оздравени пациенти од градовите: Скопје – 18, Куманово – 15, Битола – 8, Велес – 4, Штип, Кочани и Пробиштип – по 3, Кичево, Радовиш, Делчево и Виница – по 2, Прилеп, Струмица, Неготино, Свети Николе, Валандово, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Направени се 1.418 тестови преку: ИЈЗ-140, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово –0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-117, Авицена-133, Биотек-194, Систина-353, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 440.

Досега во земјата се направени вкупно 778.092 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини