[РЕЦЕПТ] Лесен колач со јаболка и овес

од Vladimir Zorba

Состојки:
10 чаши сецкани и излупени јаболка
1 чаша бел шеќер
1 лажица брашно
1 лажичка цимет во прав
½ чаша вода
1 чаша овесни снегулки
1 чаша брашно
1 чаша кафеав шеќер
¼ лажичка сода бикарбона
½ чаша стопен путер
¼ лажичка прашок за пециво75b4200f85c20d4f58586d278649ebba

Пподготовка:
Ставете ги исечените јаболка во средно голема тава. Измешајте ги белиот шеќер, 1 лажица брашно и циметот. Со смесата посипете ги добро јаболката, па да се  покријат рамномерно.
Во сад измешајте ги одделно овесните снегулки, 1 чаша брашно, кафеав шеќер, прашок за пециво, сода бикарбона и стопен путер. Промешајте многу добро, за да се добие тесто и истурете ја целата смеса врз јаболката.
Печете во загреана на 180 степени печка за околу 45 минути.

Време за подготовка: 1 час

Слични содржини