Резников: Војната може да трае долго, ќе имаме болни загуби, но на крајот ќе победиме

од Radmila Tasevska

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска изјави дека војната со Русија може да трае долго и со болни загуби за украинската страна, но дека Украина дефинитивно ќе победи.

-Имаме многу подмолен непријател. Војната може да биде долга, бидејќи е вистински маратон. Допрва ќе имаме болни загуби. За да ги победиме Русите и да не го пренесеме овој проблем на идните генерации, мора да разбереме дека главната работа е набавката на оружје, нагласи министерот говорејќи на „VI Меѓународен форум на ветерани“, пренесе ТСН.

Според него, победата не е поврзана само со деокупација на територијата, туку, како што наведе, важно е да се направи се што е можно за окупаторите никогаш да не помислат да се вратат.

-Меѓутоа, тоа е тешка задача. Многу луѓе во светот сè уште веруваат дека тоа е невозможно. Меѓутоа, Украинците веќе докажаа дека имаат поинаква идеја за тоа што е можно, а што е невозможно, така што ние сигурно ќе победиме, рече украинскиот министер за одбрана.

Резников кажа дека ако минатата година на Украина и требаше оружје за да преживее, сега клучот за победата на Украина е „она што луѓето го чувствуваат“ – единство и подготвеност за борба“.

Слични содржини