Роберт Де Ниро ќе го глуми Мирослав Илиќ во филмот за животот на пејачот?

од Stefanija Kuzmanovska

Се снима филм за Мирослав Илиќ, а понудата да го игра легендарниот пејач ќе ја добие холивудската ѕвезда Роберт Де Ниро, кој не крие дека ја обожава Србија.

Менаџерот и пријател на пејачот Саша Мирковиќ открива дека по филмот за Аца Лукас подготвува уште еден кино хит, пренесе „Курир.рс“.

„Мирослав Илиќ е жива легенда и заслужува неговото патување до ѕвездите од родниот Мрчајевац да биде прикажано и претставено пред бројните почитувачи на неговиот лик и дело. Не сакам да чекам да умре за да снимам филм за него! Верувам дека тоа веќе го заслужи во текот на животот бидејќи постигна сериозен успех, човекот е легенда“, вели Мирковиќ и открива кому ќе ја понуди главната улога:

 

„Роберт де Ниро го гледам како идеален за главната улога, пред се поради годините, но и поради физичката сличност. Работам напорно да ја донесам таа холивудска ѕвезда во Србија! Не можам да ги откријам сите детали, но ќе ви кажам дека ќерката на Де Ниро, Дрина, ги обожава песните на Илиќ“.

Филмот за Мирослав Илиќ ќе има два дела бидејќи, како што вели Мирковиќ, еден не е доволен за ваков музички великан. Заплетот на првиот дел ќе зборува за музичките почетоци на пејачот, додека вториот дел ќе се фокусира на сегашноста.

„Покрај Де Ниро, кој, се надевам, во зрелите години ќе го глуми Мирослав, Илиќ како млад ќе го глуми и млад, неискусен актер. Сакам да му дадам шанса на еден млад уметник да влезе во светот на филмската индустрија. Засега не знам кој ќе ја добие таа можност“, вели Мирковиќ.

По тој повод српскиот медиум го исконтактирал Мирослав Илиќ, но тој не сакал да открие детали од филмот за неговиот живот. Пејачот накратко ја коментираше идејата да го глуми голема холивудска ѕвезда на екранот.

„Тоа засега само се крчка, идејата е уште во почетна фаза и ќе видиме што ќе биде. Не можам да ви кажам ништо конкретно освен дека омилен актер ми е токму Де Ниро“, изјавил Мирослав за „Курир.рс“.

Слични содржини