Рочиштето за „Меѓународен сојуз“ продолжува на 24. март

Откако заврши сведочењето и на последните сведоци планирани за денешното рочиште за случајот, „Меѓународен сојуз“, со сведочењето на Јованка Кука и Лилјана Тодоровска, истотоќе продолжи на 24. март.

Како што е познато, овој случај се уште се наоѓа во почетен стадиум и е во доказна постпка, а на денешното рочиште беа сослушани Агапи Дика и Орце Камчев.

За потсетување, во овој предмет се обвинети Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Слични содржини