Романскиот суд ја одложи екстрадицијата на браќата Тејт во Велика Британија

од Vladimir Zorba

Апелациониот суд во Букурешт денеска ја одложи екстрадицијата на инфлуенсерот Ендрју и неговиот брат Тристан Тејт во Велика Британија до разрешување на судскиот спор против нив во Романија и нареди нивно ослободување.

Според одлуката на судот, беше одобрено барањето за екстрадиција на браќата Тејт во Британија, но беше одложено до конечно разрешување на кривичната постапка против нив во Романија, пренесе Аџерпрес.

Одлуката на судот може да се обжали.

Слични содржини