Роналдо дебито за Јуве може да го има против Реал

од desk2

Португалецот синоќа го потврди трансферот во италијанскиот првак, кој за 20-тина дена има закажано пријателска средба против „кралскиот клуб“

По девет години поминати во Реал Мадрид, Кристијано Роналдо реши да го смени клубот. Во новата сезона ќе го носи дресот на најтрфејниот италијански клуб Јувентус, откако „старата дама“ плати 105 милиони евра за трансфер на Португалецот.

Роналдо ќе се преклучи на новиот клуб, кој летово како главен план им ги има пријателските мечеви во САД. Јувентус првиот меч на оваа турнеја ќе го има на 25 јули против Баерн Минхен во Филаделфија. Три дена подоцна „старата дама“ ќе игра против Бенфика во Њу Џерси. Се верува дека Роналдо ќе ги прескокне овие два дуели.

Сега, прашање е дали Роналдо може да дебитира на дуелот против МЛС ѕвездите (играчи кои се дел од американското првенство), а мечот е закажан за 1 август во Атланта. Доколку и оваа средба Кристијано ја пропушти, следува шоу на 4 август. Јувентус на последниот меч од турнејата во САД ќе игра притив Реал Мадрид.

Според ваквиот распоред на мечевите, може да се случи, Роналдо дебито во дресот на Јувентус да го направи токму на дуел против Реал Мадрид, каде ги помина последните девет сезони./Sport Media

Слични содржини