Роналдо казнет за два натпревари

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на Ал Наср, Кристијано Роналдо ќе биде суспендиран на два натпревари поради црвениот картон што го доби во полуфиналето од Суперкупот на Саудиска Арабија против Ал-Хилал (1:2). Одлуката се уште не е официјално објавена, но се очекува таа да се случи денеска.

Роналдо беше исклучен во 86. минута откако со лакт удри противнички играч. Португалецот се налутил и ја фрлил капитенската лента, пред заканувачки да замавне кон судијата.

39-годишниот напаѓач беше повикан од Дисциплинската комисија на фудбалската федерација на Саудиска Арабија да го објасни своето однесување, тврдејќи дека црвениот картон е незаслужен.

Уште по натпреварот, главниот тренер на Ал-Наср, Луис Кастро, коментираше дека Роналдо бил провоциран во текот на целата сезона, а во конкретниот случај играчот на Ал-Хилал глумел дека е удрен.

Кристијано има 37 настапи во сите натпреварувања од почетокот на кампањата, постигнувајќи 36 голови и 12 асистенции.

Слични содржини